„Кога љубовта не умира, таа се претвора во борба“, порача Александар Наунов на денешниот „Марш на ангелите“

„Кога љубовта не умира, таа се претвора во борба“, порача Александар Наунов таткото на Надица на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани. На протестот за загинатите во пожарот во „Пулс“, Наунов најави дека борбата за правда ќе продолжи не само за неговото дете, туку и за сите деца кои ги загубија животите поради системски пропусти.

„Од тој ден не живеам, туку опстојувам. Ќе зборувам, ќе се борам и ќе врескам додека правдата не биде задоволена“, рече Наунов во својот емотивен говор, истакнувајќи дека утре Надица требала да наполни 18 години. Тој се присети на среќните семејни моменти и плановите за роденден.

Додаде дека неговата единствена цел е еден ден, пред нејзиниот гроб да може да каже дека не се откажал и дека се изборил за вистината.

Наунов истакна дека неговата ќерка не го загубила животот по Божја волја, туку поради корупција, немар и сериозни институционални пропусти на системот кој требало да штити, а не да убива.

На протестот беше прочитана и песна за загинатите напишана од Далибор Стојанов.

Фото/Принтскрин видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести