Прераното заминување на македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец, потпретседател на Адора Бизнис Групација и коосновач на Prime Capital by Adora е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи.
Како што е познато тој почина во Чешка, каде на мото-трка во Брно паднал од неговиот мотор, по што со тешки повреди беше хоспитализиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 32 години почина бизнисменот Душко Чифлиганец
Имаше само 32 години. Важеше за човек со визија и почитуван во бизнис круговите, а пред него престоеше успешна кариера.
Кој беше Душко Чифлиганец
Тој е дипломиран економист. Дипломирал економија и бизнис на Американскиот универзитет во Дубаи.
Заедно со неговата сестра Драгана Чифлиганец станаа дел од семејниот бизнис, основан од нивниот татко Ванчо Чифлиганец.
Освен што беше дел од Адора Бизнис Групација и од Adora Living Solutions, каде беше директор, тој годинава стана и коосновач на Prime Capital by Adora, првата инвестициска консултантска компанија со македонско потекло. Prime Capital by Adora стана првата фирма основана во Македонија со лиценца за работа на финансиските пазари во САД.
ПОВРЗАН И ВЕСТИ
Како и неговиот татко и тој беше познат и по својата хуманитарна работа, поддржувајќи бројни мисии преку Адора Бизнис Групација, а соработуваше и со Фондацијата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во Србија.
Беше страствен љубител и на мотори и автомобили. Последните години активно се натпреваруваше во брзински мотоциклизам и освои неколку награди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Душко Чифлиганец пишуваат и регионалните медиуми
МНР во кординација со семејството на Душко Чифлиганец за пренесување на неговото тело во Македонија
Ева Заева со трогателна објава се прости од Душко Чифлиганец
Фото: Чифлиганец/Фејсбук