За престојните локални избори на 19. октомври засега има седум кандидати за градоначалник на Град Скопје.
Последен кандидатура објави професорот и декан на Градежниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ (УКИМ), Горан Марковски.
Тој е кандидат на граѓанската платформа „Независни заедно“, која ја сочинуваат „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Горан Марковски
Роден е во Скопје во 1961 година.
Основно образование завршил во училиштето ,,29 Ноември“ (денеска ,,Војдан Чернодрински“) во Скопје.
Средно завршил во гимназијата ,,Орце Николов“ во Скопје.
Тој е дипломиран градежен инженер. Дипломирал во 1986 година, а во 2003 година станал доктор на технички науки.
Дипломирал на Градежениот факултет при УКИМ во Скопје.
Работно искуство
Од 1986 до 1988 година работел како софтвер инженер во Искра Делта, Љубљана, Словенија.
Од 1988 година е на Градежениот факултет Скопје при УКИМ.
Моментално е редовен професор на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции.
Од 2022 година е декан на Градежниот факултет при УКИМ.
Неговата потесна стручна област е армиран бетон, бетонски конструкции, бетонски мостови, трајност на бетонски конструкции и санација и зајакнување на бетонски конструкции.
Со група коавтори има издадено и два учебници.
Од 2002 до 2007 година бил претседател на Инженерска институција на Македонија, од 2009 до 2014 година бил претседател на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, од 2006 до 2012 година бил претседател на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, од 2007 до 2012 година бил претседател на Националниот технички комитет за Еврокодови, од 2007 до 2012 година бил главен и одговорен уредник на списанието „Инженерство”, а од 2011 до 2014 година бил главен и одговорен уредник на списанието „Пресинг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега седум кандидати за градоначалник на Град Скопје, еве кои се
Кој е Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Фото: Марковски/Фејсбук