Која е фирмата Енерџи Деливери Солушнс, која лани склучила 42 договори со 38 општини и Градот Скопје, вредни околу 8,1 милиони евра

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажа дека лани 80. општини и Градот Скопје склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 190 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Една четвртина од рекордни 190 милиони евра за јавни набавки во општините завршила само кај 10 фирми, покажува истражувањето на ЦГК

Како и во последните две години, листата од првите 10 фирми со најголема вредност на тендери кај општините, и во 2024 година ја предводи Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС) Скопје, којашто има склучено 42 договори со 38 општини и Градот Скопје, вредни околу 8,1 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ 10 фирми со најголема вредност на договори за јавни набавки во општините

Која е Енерџи Деливери Солушнс

Енерџи Деливери Солушнс АД Скопје е регистрирана во 2012 година како компанија за трговија со електрична енергија на домашниот големопродажен пазар. Истата ја основаше и управуваше македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев.

Во февруари 2014, ЕДС се стекна и со лиценца за снабдување со електрична енергија на малопродажниот пазар.

Во текот на 2018 година, ЕДС беше продадена, и стана дел од групацијата Public Power Corporation (PPC SA) од Грција и за кус период ја заврши својата голема трансформација во акционерско друштво (во 100% сопственост на PPC SA) со основачки капитал од 5,5 милиони евра.

Александар Сарџовски е генерален извршен директор на ЕДС од октомври 2024 година. Претходно беше директор за продажба во А1 Македонија, а во кариерата бил на раководни позиции во ЕСМ и МЕПСО, како и во Надзорниот одбор на ЕЛЕМ.

Финансиски директор е Илијас Тсоукалас, магистер на економски науки, со над 20 години искуство во областа на менаџирање со капитал, буџетирање и контрола, финансиски надзор и инвестициони банки.

Која е PPC SA

Грчката национална компанија за производство на струја PPC SA е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката, со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра.

Основната дејност на PPC SA е производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Грција за 7,3 милиони потрошувачи и има пазарен удел од околу 85%.

PPC SA е сопственик и на Хедно, која ја врши дистрибуцијата на струјата до потрошувачите во Грција, како и на PPC Обновливи извори  – една од компаниите пионери во Европа за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести