Комбиниран пристап за корекција на постпородилни промени – Mommy Makeover, достапен во Клиника Жан Митрев

Трајна корекција на најчестите телесни промени предизвикани од бременост и доење е достапна единствено во Клиника Жан Митрев, информираат од таму. 

Mommy Makeover е интегриран пристап кон реобликување на телото, наменет за пациентки кои сакаат медицински структуриран и индивидуален третман кон подобрување на изгледот и контурата на телото. 

Бременоста и периодот на доење носат природни, но често и изразени промени, особено во пределот на абдоменот и градите, кои не секогаш се коригираат целосно со физичка активност и урамнотежена исхрана. Во таа смисла, Mommy Makeover претставува концепт кој ги обединува најсоодветните хируршки решенија со јасна цел, корекција на ткивната релаксација, подобрување на формата и враќање на пропорциите, во рамки на реални очекувања и медицински оправдани индикации.

„Во зависност од наодот и потребите на пациентката, третманот најчесто вклучува абдоминопластика (затегнување на стомакот), со која се отстранува вишокот кожа, се зацврстува абдоминалната структура и се постигнува порамна и поцврста абдоминална контура.

Дополнително, кај пациентки кај кои по доење и со текот на времето се јавува промена во формата и позицијата на градите, се применува подигнување на гради (мастопексија), со цел да се врати поприродна позиција и постабилен, младешки изглед, без компромис со природноста“, вели д-р Живорад Коцевски, пластичен реконструктивен и естетски хирург во Клиника Жан Митрев.. 

Секој план се креира индивидуално, по детална специјалистичка консултација и проценка, при што се разгледуваат очекувањата, можностите, индикациите и постоперативниот тек, а одлуката за опфатот на интервенциите се носи внимателно и персонализирано, со примарен фокус на безбедноста и медицинската оправданост на пристапот.

„Mommy Makeover не е универзално решение, туку внимателно испланиран пристап кој го усогласуваме со анатомијата, здравствената состојба и целите на секоја пациентка. Наш приоритет се безбедноста, реалните очекувања и природниот резултат. По детална проценка, одредуваме кои интервенции се навистина оправдани и како да обезбедиме предвидлив тек на закрепнување и стабилен резултат“, дополнува д-р Коцевски.

За пациентките кои размислуваат за оваа услуга, во Клиника Жан Митрев е достапна можност за бесплатна консултација, како прв чекор кон информирана одлука и индивидуален план на третман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести