Конференција „Finance Talks by EOS“ 2025: Иновации и дигитална трансформација – предизвиците во планирањето на долгорочниот раст

Иновациите во финансиските услуги, дигиталната трансформација на институциите и примената на напредни технологии ќе бидат во центарот на годинешната конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10. декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Годинешната тема: „Иновации и дигитална трансформација – предизвици во планирањето на долгорочен раст и одржливост на финансиските услуги“, ја отвора една од најрелевантните теми за современиот финансиски сектор. Настанот ќе го води д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на EOS Матрих за Македонија и Косово.

„Finance Talks by EOS“ веќе е воспоставена како релевантна платформа за размена на експертски ставови, со цел да ја унапреди финансиската писменост и да ја зајакне информираноста на граѓаните и институциите за најновите глобални финансиски трендови и нивната практична примена. Преку оваа платформа, ЕОS Матриx Македонија продолжува да отвора важни теми и да ја поттикнува иновацијата што води кон стабилен и одржлив финансиски систем.

Конференцијата и овој пат ќе отвори важни теми за развојот на економијата и обезбедувањето на долгорочно одржлив економски раст, поврзувајќи ги експертите од финансискиот сектор, бизнис заедницата, науката и институциите. Ќе се отвори дискусија за иновациите, дигитализацијата и напредните технолошки решенија што го трансформираат начинот на кој се развиваат и испорачуваат финансиските услуги.

Токму ЕOS Матриx, членка на реномираната ЕОS Групација, е лидер во примената на дигитални алатки за унапредување на финансиското работење, како што е MyEOS платформата, како дигитално решение чиј број на корисници постојано расте, а овозможува лесен, сигурен и персонализиран пристап на клиентот до неговите финансиски обврски.

Теми кои неминовно ќе бидат опфатени се и вештачката интелигенција, како и финтек-иновациите кои креираат нови модели на работа, поголема транспарентност и подобро корисничко искуство. На конференцијата ќе се дискутира и за прашања кои се поврзани со одржливоста, управувањето со ризици, креирањето долгорочни стратегии, како и отпорноста на институциите во време на забрзани технолошки промени. Секако, говорниците ќе се осврнат и на потребата од континуирано зајакнување на финансиската писменост, особено во период кога младите сѐ порано се вклучуваат на финансиските пазари.

ЕОS Групацијата работи во повеќе од 25 земји и вработува над 6.000 професионалци, континуирано инвестирајќи во дигитализација, нови технологии и современи процеси.

ЕОS Матриx Македонија, како лидер на локалниот пазар, останува посветена на подигање на стандардите во управувањето со побарувања и на воведување современи технолошки решенија кои создаваат поефикасен и одржлив финансиски екосистем.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести