Конференцијата „Recode reality“ ќе биде најава за редифинирање на ИТ-технологијата, вели Димитровски

Годишна конференција под наслов „Recode Reality“ ќе одржи стопанска комора на ИКТ-индустријата МАСИТ. Темата на конференцијата на 3. декември, носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието.

„Македонија има солидна телекомуникациска инфраструктура и стабилна интернет-покриеност, но дигиталната инфраструктура не е само технологија, тоа е и институционален и човечки капацитет. Тука имаме најмногу работа,“ вели претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски.

На конференцијата ќе учествуваат реномирани домашни и странски говорници, компании, претставници од институциите и бројни партнери, а се очекува дека ќе се разговара за конкретни предлози и партнерства и дека ќе се опфатат теми за дигитална инфраструктура и телекомуникации, вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и дигитални вештини.

„Целта во наредните три години е јасна, мораме да имаме конкретни резултати во дигитализацијата, подобра регулатива и силни политики за поддршка на технолошкиот сектор, во партнерство со институциите на државата,“ додава Димитровски.

Според него, голем потенцијал за развој е процесот на дигитализацијата, но тука се потребни суштински реформи.

„Македонија има добра техничка основа, но целосната дигитализација бара поврзани системи, отворени податоци и функционални е-сервиси. Она што треба да го научиме од соседите е дека државата може да биде катализатор, а не само регулатор на дигиталниот развој. Регионалната соработка е клучна ако сакаме да бидеме конкурентни во Европа,“ потенцира Димитровски.

МАСИТ оваа година ја одбележува 25-годишнината од своето постоење и планира да ја зајакне својата улога како стратешки партнер на државата и бизнис-заедницата, со фокус на унапредување на јавните политики и застапување на интересите на ИКТ-индустријата, интернационализација и подобро регионално позиционирање како и поддршка за иновации, вмрежување и пристап до донаторски и европски фондови.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести