Поранешниот министер Кренар Лога се повлече од партиските функции во Алијанса за Албанците и политика

Кренар Лога, поранешниот министер за правда, се повлекува од политичкиот живот.

Тој на Фејсбук информираше дека се повлекува од сите партиски функции во опозициската Алијанса за Албанците.

– Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на целиот овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа, пишува тој меѓудругото.

Тој во партијата беше генерален секретар, а подоцна и потпретседател.

Фото: Фејсбук/Лога

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести