Руската приватна компанија Лукоил ја продава меѓународната единица Лукоил Интернешнл ГмбХ на американската инвестициска фирма Карлајл груп, со која бил постигнат договор, информираа од таму.
Оваа следи после неколку обиди на Лукоил да ја продаде Лукоил Интернешнл ГмбХ, откако поради војната во Украина, САД и воведе санкции.
Засега нема детали за сумата, а договорот ги исклучува средствата во Казахстан и сè уште бара одобрение од Министерството за финансии на САД, информираа од компанијата, додавајќи дека сè уште се преговара и со други инвеститори.
Ако се реализира оваа продажба до крај, тоа ќе значи и дека Лукоил Македонија ќе добие нов сопственик.
Основач и содружник на Лукоил Македонија е Лукоил Интернешнл ГмбХ, како и Литаско Са, која е содружник.
Лукоил во Македонија има 40 бензински пумпи, 550 вработени и 10 резервоари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забрана за „Лукоил Македонија“ да учестува на тендери во Македонија
Непозната судбината на 550 вработени во “Лукоил Македонија“
Ќе влијаат ли санкциите на САД на работењето на Лукоил Македонија?
Фото: Лукоил Македонија













