(Видео) „Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“

„Мајко силна“ е нова песна дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, авторската композиција на Александар Тарабунов.

Музиката и текстот се со негов потпис, додека во аранжманот свој удел има и маестро Николче Мицевски

Ова дело, кое долго време зреело во творештвото на Тара, го оживува бесценетото чувство за припадност и гордост што ја карактеризира македонската душа. 

Песната ја истакнува вечната врска меѓу човекот и неговата земја, испреплетувајќи традиција и современ звук. Воедно во духот на патриотската мисија на проектот, го продолжува силното влијание на претходните изведби и ја одразува темелната љубов кон нашите корени и иднината што ја градиме заедно.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ работен под палката на Скендеровски продукција, има за цел да ѝ даде нови живописни бои на македонската традиција и да обои Македонија со најубавите звуци.

Со голема почит кон корените и наследството, проектот досега го оживеа духот на неколку од највпечатливите македонски песни: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски) и „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска).

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести