Македонија и Бугарија со договор ги дефинираа обврските за изградбата на железничкиот тунел од Коридорот 8

На железничката станица Ѓуешево денеска беше потпишаа договор со кој се дефинираат обврските и активностите на Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8.

Истиот го потпишаа македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, од кои 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри на бугарска.

Пругата Скопје-Софија почна да се гради во 1994 година.

Завршена е изградбата и реконструкцијата на првата делница Куманово – Бељаковце во должина 30,8 километри, за што беа инвестирани 40,5 милиони евра.

Во тек е изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, инвестиција од над 155 милиони евра, каде прогресот на работите е 35%, а рокот за завршување е крајот на 2026 година.

За третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која ќе го опфати и тунелското решение, според најавите, следниот месец ќе се распише повикот за избор на изведувач. Истата е во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, како и 52 мостови. Вредноста од првично планираните 340 милиони евра за оваа делница се зголеми на 560 милиони евра.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести