Македонија изгуби од Велс со 7:1, уште има шанси за пласман на Светското првенство, но по потежок пат

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Кардиф, Велс, изгуби од тимот на Велс со 7:1.

Оваа беше последен натпревар на нашата репрезентација од квалификациите за директен пласман на Светското првенство следната година, кои ги заврши на трето место во нејзината група.

Македонија се уште има шанси за пласман на Светското првенство, но по потежок пат – преку плеј-офот на Лигата на нации, каде што можни противници ѝ се репрезентациите на Италија, Турција, Украина и Австрија.

Светското првенство 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија си ги искомплицира шансите за директен пласман на Светското првенство во фудбал, одигра нерешено со Казахстан

Македонија ремизираше со Белгија: Фудбалската репрезентација на прагот до историски пласман на Светското првенство

Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести