Борбата против корупцијата во Македонија стагнира, покажува Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешенл.
Земјата лани била на 84. место од 182 држави и има 40 од можни 100 поени, што значи дека е во групата држави кои со години се борат со системска корупција и слаба институционална отчетност.
Формално земјата е рангирана за четири места подобро.
Од земјите во регионот Албанија е на 91. место, Србија на 116. место, Босна и Херцеговина на 109. место, Косово е на 76. место, а најдобро рангирана е Црна Гора, на 65. место.
Најдобро рангирани во светот се Данска, Финска и Сингапур, а најлошо Јужен Судан, Сомалија, Венецуела, Јемен, Либија и Еритреја.
Фото: Унсплеш














