Македонија се задолжи милијарда евра преку 10. еврообврзница

Преку 10. еврообврзница, Македонија вчера се задолжи за милијарда евра.

Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на еврообврзницата, која беше издадена во две транши од по 500 милиони евра со рок на достасување од 4 години и од 8 години.

Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875% за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години.

Со оваа еврообврзница, планирана во Буџетот за 2026 година ќе се изврши исплата на еврообрзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра и се обезбедуваат средства за буџетскиот дефицит којшто е насочен кон реализација на развојните проекти.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести