Македонијо, во срце те носиме – доаѓа во Струмица!

По магичните вечери во Охрид, Делчево и Штип, каде што илјадници гласови пееја како еден, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме пристигнува во Струмица! Дружбата со струмичката публика е закажана во среда (10. септември) со почеток во 20:00 часот.

Ова не е само концерт – ова е празник на македонската душа, на љубовта кон татковината, на гордоста што сме дел од народ со вековна историја и песна што живее во секој еден од нас – затоа да ја славиме нашата култура, да ја покажеме емоцијата и заедно да ја пееме Македонија!

Да запееме со Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев, затоа што песната не знае за поделби, таа зближува, лекува и обединува.

-Во Охрид, Делчево и Штип пеевме со срце, сега е време Струмица да одекне. Време е да запееме сите, гласно, гордо… Време е Македонија да ја обоиме со најубавите звуци!, велат организаторите Скендеровски продукција.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести