(Видео) „Македонијо, во срце те носиме“ со нова емотивна изведба на Наум Петрески: „Ако умрам ил загинам“ 

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува со нова, длабоко емотивна објава што ја носи моќната изведба на Наум Петрески на песната „Ако умрам ил загинам“.

Овој пат проектот не говори само за татковината, туку и за пријателството – искрено, топло и трајно, преку видео кое на трогателен начин го прикажува пријателството меѓу Наум и Андреј од ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани. Видеото содржи фотографии од дружбите на двајцата уметници и е посветено токму на споменот за Андреј – како музичар, пријател и човек.

Песната, во својата нова аранжманска визија потпишана од маестро Николче Мицевски, го задржува духот на оригиналната верзија на Јонче Христовски, кој е и комплетен автор на композицијата, но го пренесува со интензитет што се чувствува до најситните пори.

Наум Петрески, со својот препознатлив глас, ѝ дава нов живот – како молитва за земјата, но и како проштална порака до сакан пријател.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести