Македонските граѓани во Израел не можат да се евакуираат по воздушен пат, само по морски

Амбасадата на Македонија во Израел информираше дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени.

„Планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14.00 часот.

Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата „Mano Shipping”).

Следниот брод со слободни места „Crown Iris” планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб-страната на компанијата.

Македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, молиме да се обратат до Амбасадата за добивање на Патен лист,“ се вели во соопштението на амбасадата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести