На прогласувањето на најдобрите за 2025 година од страна на Kарате Федерацијата на Македонија, „Макпетрол“ се закити со седум признанија. На свечената промоција на КФМ беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата година.
Kаратистите на скопската екипа и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категории. „Макпетрол“ беше прогласен за најдобар клуб во сениорска конкуренција, а Петар Заборски за најдобар тренер.
Во највозрасните категории на сениори-мажи прворангиран е Стефан Стојановиќ, кај сениорките прва е Ангела Мојсовска, а втора Викторија Јовановска. Кај помладите сениори (У21), трет е Данило Божовиќ. Јована Мицовска е на второ место во помлади сениорки (У21).
















