„Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените.
Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби.
На настанот присуствуваа претставници на менаџментот на компанијата, при што беше истакнато дека инвестицијата во човечкиот капитал претставува стратешки приоритет за компанијата.
„Со отворањето на Бизнис центарот создаваме структуриран и современ простор кој е целосно посветен на развојот на нашите вработени и унапредувањето на нивните знаења и вештини. Овој центар ќе овозможи систематска реализација на обуки, тренинзи и развојни програми, усогласени со стратешките цели и реалните потреби на компанијата.
Веруваме дека континуираната едукација, размената на знаење и унапредувањето на вработените се клучни предуслови за ефикасно работење, поттикнување иновации и обезбедување долгорочен, одржлив раст на „Макпетрол“, изјави Марија Јосифовска-Спасовска, главен оперативен директор на компанијата.
Со оваа инвестиција, „Макпетрол“ дополнително ја зајакнува својата посветеност кон создавање мотивирачка, едукативна и современа работна средина.
„Макпетрол“, по своето основање пред речиси 80 години, постојано е меѓу компаниите што значително придонесуваат во развојот на македонскиот пазар и на домашната економија. Компанијата тоа го остварува преку производи со врвен квалитет, професионална услуга, како и вработени кои што континуирано го унапредуваат и подобруваат своето знаење. Основа за тоа се инвестициите на „Макпетрол“ во сопствениот тим преку можностите за развој и за напредок, посочуваат од таму.



















