Макстил и во вториот квартал од 2025 повторно со ниски емисии на цврсти честички

Мерењата на емисиите на цврсти честички од двете главни емисиони точки на Макстил покажуваат дека истите и во вториот квартал од 2025 година имаат минимални вредности во однос на пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен, информираат од таму.

На емисионата точка Оџак од филтер постројка, каде граничната вредност е 20 милиграми на метар кубен, во периодот април – јуни 2025 година, емисионите вредности се под 1. И покрај зголемувањето на вредноста во јуни, истата е речиси 14 пати пониска од пропишаната граница, посочуваат од таму.

-На емисионата точка Оџак од пескара, каде граничната вредност изнесува 30 милиграми на метар кубен, резултатите исто така остануваат во сигурна рамка, односно се дваесетина пати под законскиот максимум.

Овие резултати го потврдуваат лидерството на Макстил како една од ретките тешки индустрии која континуирано вложува во современи и ефикасни технологии за намалување на емисиите и заштита на животната средина, велат од таму.

-Преку системски пристап и стратешки инвестиции во еколошка модернизација, компанијата не само што ги надминува националните и европски стандарди, туку станува пример за одговорно и одржливо индустриско работење.

Макстил останува посветен на унапредување на квалитетот на амбиенталниот воздух и вложува во технолошки иновации што создаваат позитивно влијание врз околината и го поттикнуваат одржливиот општествен развој, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести