Макстил со рекордно ниски вредности на емисии на цврсти честички

Макстил продолжува да бележи извонредно ниски емисии на цврсти честички, покажуваат најновите мерења за третиот квартал од 2025 година, информираат од таму.

Според податоците за јули – септември 2025, измерените емисии на двете контролни точки се многукратно пониски од пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен.

На емисионата точка Оџак од филтер постројка највисоката измерена вредност во третиот квартал од 2025 година изнесува 1,31 милиграми на метар кубен, што е околу 15 пати пониско од европската гранична вредност од 20 mg/m³.

На емисиона точка Оџак од пескара највисоката измерена вредност измерена во третиот квартал е 0,37 милиграми на метар кубен, што е далеку пониско од дозволената граница од 30 mg/m³.

-Овие резултати го потврдуваат континуираниот ангажман на Макстил во насока на минимални емисии и максимална грижа за унапредување на животната средина.

Ваквото континуираното намалување на емисиите е резултат на системски пристап, долгорочна стратегија и постојани инвестициони вложувања во насока на зголемување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродните емисии.

Макстил и понатаму ќе продолжи преку континуирани вложувања во современи системи и одржливо производство, да ја демонстрира својата посветеност кон почиста и поздрава животна средина, велат од таму.

Во продолжение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот од јануари до септември, 2025 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести