Марија Каева објави нова песна – „Пролет рана“.
Таа е автор на текстот, а како што напиша на Фејсбук, свирела и на клавијатури, пеела и пратечки вокали и аранжирала со дополнителни вокали.
На електрична гитара и мандолина свири Јоана Ристеска, на тромбон Владан Дробицки, на кларинет Нинослав Спировски, а на контрабас ја слушаме Андреа Мирчевска.
Фото: Промо