Мекдоналдс се враќа во Русија, ќе го следат ли и други американски компании?

Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс се враќа на рускиот пазар, кој го напушти пролетта 2022 година, кога Русија ја нападна Украина.

Компанијата, која ги затвори сите ресторани таму, регистрираше седум трговски марки во Русија: „Биг Мек“, „Биг Тасти“, „Ројал Чизбургер“, „Квартер Паундер“, „МекФреш“, „МекФлури“ и „МекДеливери“, пренесува руската агенција ТАСС.

Останува да се види дали овој потег ќе го следат и други американски компании кои го напуштија овој пазар.

Руските средства на Мекдоналдс ги купи бизнисменот Александар Говор. Тој во јуни 2022 година, еден месец откако американската компанија целосно го напушти рускиот пазар отвори ресторани за брза храна под нов бренд -„Вкусно и точка“.

Фото: Мекдоналдс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести