Менса Македонија по повод јубилејот 26 години од основањето ќе организира тестирање на интелигенција со цел за прием на нови членови во Скопје, на 4. декември (четврток) со почеток во 18:30, информираат од таму.
Тестирањето ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии, кој се наоѓа на улицата „Руѓер Бошковиќ“ 18 во Скопје.
Повеќе информации можете да најдете на линкот од настанот: facebook.com или на Фејсбук страната на Менса Македонија – facebook.com.
Фото: Unsplash













