Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме шампиони, па ќе добиеме ново вето-Мицкоски за Извештајот на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски, Извештајот на ЕУ за Македонија го оцени како добар, иако како што вели има стагнација во неколку области како владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата.

„Нонстоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет и во обвинителството. Сега по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се занимаваме со таа тема. Во сите други области има одреден мал напредок или значителен напредок,“ изјави Мицкоски од Општина Петровец каде што присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на Културен дом.

Во однос за барањето за уставни измени за влез на Бугарите во Уставот тој вели дека тогаш ќе бидеме најдобри.

„Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми,“ додаде тој.

Во однос на подготвеноста на државите во регионот за влез во ЕУ, тој оцени дека Црна Гора е прва, второ место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово.

„Јас апсолутно сум фокусиран на реформите, оваа влада е реформска и ме охрабруваат пораките за реформите во делот на економијата, борбата против перењето пари, воведувањето заеднички платежен систем, царина, роаминг фри. Тоа ќе биде имплементирано така што има многу работи кои треба да се пофалат и тоа ме охрабрува“, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија не презема „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство: Извештај на Европската комисија

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести