(Видео) Мина Блажев со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче“

Во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, направена е шестата преработка – темата „По друм одам мајче“ во топла и емотивна изведба на Мина Блажев. Оваа безвременска народна песна, која векови наназад живее како симбол на љубовта и болката, во најновото аранжерско видување на маестро Николче Мицевски, добива современ звук, но го задржува своето срце – македонското.

„Секоја нота, секој збор од „По друм одам мајче“ нѐ потсетува дека македонската песна не е само уметност – туку жив споменик на душата на народот. Оваа песна не само што е дел од нашето фолклорно богатство, туку е и огледало на нашата историја, на љубовта и жртвата, на тишината што зборува повеќе од зборови.

Проектот, зад кој стои Скендеровски продукција, веќе силно одекна со претходните изведби, односно досега имавме можност да уживаме во преработките – „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) и „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска).

Сите тие, секоја на свој начин, ни ја враќаат Македонија во душата и нѐ потсетуваат дека музиката е јазикот на нашето национално паметење

Целта ни е да ја обоиме Македонија со најубавите звуци – звуци кои ќе допрат до секое срце, во секој дом, овде и насекаде низ светот,“ се вели во соопштението.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести