Министерот Тошковски денеска опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје имал хируршка интервенција, информираше тој на Фејсбук.

За истата вели дека бил успешна и дека се чувствува стабилно.

-Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.

Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.

Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет, пишува тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести