Министерството за здравство го презема лиценцирањето на стоматолози од Стоматолошката комора поради сомнежи за злоупотреби

Министерството за здравство го презема лиценцирањето на стоматолози од Стоматолошката комора поради сомнежи за злоупотреби, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Тој појасни дека тоа ќе трае додека не се воспостави систем преку кој “Комората ќе работи законито, транспарентно и професионално“.

Според министерот надзорот на документите на Стоматолошката комора покажале сериозни пропусти.

-Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти како договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација.

Дополнително, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако Судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот рече меѓудругото Алиу, подвлекувајќи дека има и сомнеж за финансиска злоупотреба.

– Имаме сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората за кои Финансиската полиција истражува, има прибавено обемна документација за која веруваме дека за брзо време ќе има епилог, рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести