Мишел Трајковски & Скопје Виа ја „запалија“ Будимпешта

Мишел Трајковски & Скопје Виа одржаа концерт во ОФФ Култур во Будимпешта пред многубројна унгарска публика, која беше воодушевена од нивниот два и пол часовен настап.

Тие се претставија со авторски песни и обработки на македонски народни песни, ромска музика и балканска музика со кои успеаја да ги освојат срцата на Унгарците и да направат концерт што долго ќе се памети.

Пред нив свои настапи имаа Оро Негро и Бабра, унгарски музички состави кои ја негуваат балканската музика.

Со големиот концерт на Мишел Трајковски & Скопје Виа беше затворена манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта 2025“, организирана од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Здружението на Унгарците на РС Македонија и културниот центар Balkan Heritage од Будимпешта, кој прераснува во главен носител на афирмацијата на македонската кутура во Унгарија.

Манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта“ станува препознатлив и популарен културен настан во Унгарија, а унгарската публика од година на година станува сѐ помногубројна и позаинтересирана за македонската култура.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести