По повод Денот на независноста на Украина, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, вчера беше одликуван од страна на украинскиот претседател Володомир Зеленски со Орден за заслуги, 3 степен.
Оваа одлкување се доделува поради значаен личен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворните активности и популаризацијата на украинската држава во светот.
Од регионот вакво одликување добија и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и хрватскиот министер за надворешни Гордан Грлиќ Радман.
Фото: Јанчев/Фејсбук