МНР во контакт со семејството на 9-годишното девојче кое се удави во Италија, за да нејзиното тело биде пренесено во Македонија

Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) ја потврдија информацијата дека вчера во Италија во реката Пјаве се удавило 9-годишното девојче Адна Ислам, по потекло од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Италија се удави 9-годишно девојче по потекло од Македонија

Како што објавивме девојчето, таму, било со нејзиното семејство, а додека си играло покрај реката, се лизнало и било повлечено од водена струја, а подоцна нејзиното тело било пронајдено од нуркачи.

Од МНР велат дека македонскиот Конзулат во Венеција е во комуникација со нејзиното семејство за да се завршат сите неопходни административни постапки за транспорт на нејзините посмртни останки во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести