Музика од филмовите на „Дизни“: Концерт на Филхармонија во Градски парк, во петок

Традиционалниот концерт на Македонска филхармонија во Градски парк, ќе се одржи во петок, на 13. јуни со почеток во 20.30 часот, информираат од таму.

Концертот е насловен „Фантазија“, а на програмата ќе биде музиката од анимирани филмови од продукцијата на „Дизни“.

Диригент на концертот ќе биде Тимоти Редмонд од Велика Британија, а како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас баритонот Иван Наумовски.

Филхармонија ќе изведе музика од најубавите анимирани филмови, преку избор на композиции од „Малата сирена“, „Убавицата и ѕверот“, „Херкулес“, „Покахонтас“, „Аладин“, „Книга од џунглата“, „Снежно кралство“, „Кралот лав“, „Приказна за играчките“…

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести