На 1. јануари се затвора култното “Излет кафе“ во Скопје

Од Излет кафе, едно од најкултните кафулиња во Скопје информираа дека местото се затвора на 1. јануари.

Излет кафе беше отворено на 31. мај 2009 година, а таму не ги наведуваат причините.

-Тука настапија скоро сите дџ-еи и музичари на различни стилови музика од Македонија и голем дел од странство…

Излет беше место за воздигнување млади и нови артисти… Исто така Излет кафе беше во длабока конекција со култниот и легендарен ноќен клуб Сектор 909… Не постоеше артист кој не го посетил Излет што настапил во Сектор 909…

Ова се некои од странските артисти кои имаат настапено во Излет: Derrick May, Gary Martin, Ian Pooley, Soichi, Thomas Neuman, Spencer Parker, Love Foxy, Mark Broom, Abu Haqq, Radio Slave, Funk D’Void, Nino Shebelic, Detroit in Effect и други.

Од Излет кафе произлезе и Izlet Music лабел (Излет мјузик), кој направи светски достигнувања… Излет мјузик ги претстави следните проекти: Derrick May и Македонска филхармонија Охрид 02.08.2014 година,
следеа настапи со истиот проект во: Gent- Белгија, Nica/Paris/Metz, Франција, Мелбурн, Австралија, Лондон, Велика Британија, Детроин, САД, Приштина, Косово…

Излет мјузик го претстави и проектот со Juan Atkins и Београдски симфониски оркестар “The Originator” со истиот проект се настапи во Грузија и Охрид антички театар…

Овие проекти ќе бидат засекогаш запаметени во светската музичка историја, тоа е нашата нескриена гордост…

Голема благодарност до сите инволвирани изминативе години“, напишаа од таму на Фејсбук.

Фото: Излет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести