На 76-годишна возраст вчера почина легендарниот Ози Озборн, поранешниот пејач на хеви метал бендот „Блек сабат“.
Озборн имаше Паркинсонова болест и страдаше од други здравствени проблеми во последните години, вклучително и компликации од повреди здобиени при пад во 2019 година.
Стана популарен како основач и член на „Блек сабат“ од 1968 година, а го напушти бендот во 1979 година по расправија со останатите членови, па продолжи со соло кариера, и издаде десетина албуми.
Тој почина само неколку недели откако одржа голем проштален концерт со членовите од “Блек сабат“.
Во 2000-тите тој и неговото семејство станаа популарни и на ТВ-екраните со ријалити шоуто „Озборнови“.
Фото: Фејсбук/Озборн