Телевизијата Newsmax Balkans отвора студио во Скопје

По проширувањето на дописничката мрежа во регионот и отворањето на студија во Сараево и Подгорица, Newsmax Balkans од понеделник, 28. јули, започнува со работа и во Скопје, со ново дописничко студио во главниот град на земјата, информираат од таму.

-Во изминатите недели, гледачите имаа можност преку директни вклучувања на репортери од македонските градови да се информираат за актуелните случувања во земјата. Отворањето на студиото во Скопје ќе ја зајакне локалната покриеност и ќе овозможи подлабоко известување за темите што ги засегаат македонските граѓани.

Новото студио ќе се приклучи кон продукцијата на регионалната емисија „Ставот на регионот“, која ќе ги опфаќа најважните политички, економски и социјални прашања во земјата и регионот, велат од таму.

Уредник и водител на емисијата „Ставот на регионот“ од студиото во Скопје ќе биде Предраг Кукиќ.

Емисијата ќе се емитува во работни денови од 19:30 часот и ќе се менува со регионалната емисија „Ставот на регионот: Подгорица“, која ја реализира тимот на Newsmax Balkans од Црна Гора.

-Newsmax Balkans продолжува да ја проширува својата дописничка мрежа со цел да обезбеди навремени и квалитетни информации од целиот Балкан, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести