Ни Супермен не може да го исчисти ѓубрето во Скопје за 72 часа

Во Скопје има толку многу ѓубре, речиси на секој чекор од градот, што ни Супермен неможе да го исчисти за 72 часа.

Чистењето на главниот град на Македонија од ѓубре, беше едно од главните ветувања на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и покрај тоа што чистење на град или село е тековна работа за секоја општина, а не нешто за фалење.

Новиот градоначалник по поминатите 72 часа на функцијата тврди деека генералката на градот е успешна, дека биле собрани повеќе од 4.500 тони отпад, а во акцијата учествувале над 2.500 работници и над 100 возила.

Како што информираше истата опфатила микролокации на отпад околу контејнери и диви депонии, речното корито на Вардар, плоштадот „Македонија“, кејот на Вардар, Градскиот парк, Жена парк и други места.

Во првите 72 часа се изречени и повеќе од 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица кои несоодветно го одлагаат отпадот, што можеби е едно од вистинските решенија за градот да биде чист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изречени казни за правни субјекти за несовесно одложување на отпад, а ќе се казнуваат и граѓани, вели Ѓорѓиевски

Паралелно со акцијата за чистење на Скопје, Ѓорѓиевски отпушти од работа 371 лице од јавните претпријатија

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести