Младиот Марко Пејчиновски официјално го најави својот нов предизвик – Ironman триатлон.
-По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија – конечно дојде моментот за мојот модифициран Ironman триатлон. За тие што сè уште не знаат што ќе правам, вечерта на 28.08 од Св. Наум ќе трчам до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се вратам во Св. Наум и за крај со пливање ќе се упатам кон Охрид за вкупна бројка од 107 километри.
Можеби се прашувате зошто го правам ова? Целта е потрага по желба за живот. Пред една година бев загубен по патот на животот, како и многу други. Со ова сакам да им покажам и да ги инспирирам дека има подобро утре. Со вера во Бога и упорност ќе успеете.
Сакам да изразам благодарност до сите вам кои ми ја давате вашата безрезервна поддршка. Целиот триатлон ќе биде документиран на моите социјални мрежи, и затоа заследете ме, споделете го ова видео и се надевам дека ќе ве видам во што поголем број на целта, порачува Пејчиновски на Фејсбук.
Сите нови информации поврзани со предизвикот можете да ги следите на неговите социјални мрежи –Instagram и Facebook.
Во 2022 година еМагазин го прогласи Пејчиновски за Личност на годината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Личност на годината на еМагазин: Марко Пејчиновски
Фото/видео: Пејчиновски/Фејсбук