Инспириран од богатата медитеранска традиција и вкусната грчка кујна, брендот Grekos го проширува своето портфолио со нов, иновативен производ кој совршено одговара на потребите на модерниот потрошувач – Grekos High Protein, грчки тип на јогурт со само 1,5% масти и висока содржина на протеини.
Создаден за сите кои уживаат во вкусна и квалитетна храна, но не прават компромис кога станува збор за здрави избори, овој јогурт нуди кремасто и богато искуство кое се вклопува во секој момент од денот. Без разлика дали станува збор за брз појадок, оброк после тренинг или здрава ужина во движење, Grekos High Protein го комбинира вкусот што го обожаваме со нутритивната поддршка која ни е потребна.
Пакуван во практично пакување од 150g, овој јогурт содржи 9g протеини и претставува совршен сојузник за сите кои се грижат за витата линија, но не се подготвени да се откажат од вистинското гастрономско задоволство. Со свежина која потсетува на лето, кремаст вкус и состав кој го следи ритамот на динамичниот живот, овој производ внесува нова енергија во светот на здравата исхрана.
Брендот Грекос, препознатлив по својата автентичност и посветеност на квалитетот, уште еднаш ја докажува својата водечка позиција во категоријата на грчки тип јогурт, нудејќи производ кој е подеднакво вкусен, практичен и хранлив. Со Grekos High Protein уживањето нема граници – сè што ви треба за да се чувствувате лесно, исполнето и подготвено за нов ден.
Новиот Грекос High Protein со само 1,5% масти, им нуди на нашите потрошувачи производ кој се вклопува во нивниот активен начин на живот, било да се работи за појадок, ужина после тренинг или лесен оброк во текот на напорниот ден.Новиот Grekos High Protein е достапен во практично пакување од 150g, совршено за консумација во движење. Ова е производ кој ја комбинира удобноста со највисоките стандарди за квалитет, нудејќи полесен избор за сите љубители на здравата исхрана.
Со оваа иновација, Грекос ја потврдува својата заложба да биде бренд кој постојано ги следи светските трендови и ги адаптира на потребите на македонските потрошувачи.
ПР-објава