Обвинението за сопственикот на „Рубикон“, која ја обезбедуваше т.н. дискотека во Кочани споено со главното

Обвинението за вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, која ја обезбедуваше т.н. дискотека во Кочани е спомено со главното обвинение и сега наместо 35 има 36 обвинети физички и три правни лица.

Оваа обвинение беше поднесено подоцна, а за трагедијата во Кочани во тек се истрага за полициски службеници, за кои се уште нема обвинине, а истото е најавено за следниот месец, како и предистрага за инволвирани инспектори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за полициските службеници за трагедијата во Кочани наредниот месец, за службениците од УЈП се уште трае предистрагата

Спојувањето како што беше посочено на денешниот старт на судењето за трагедијата е направно поради економичност на судската постапка.

Дел од адвокатите на одбраната поради оваа бараа одложување на денешното рочиште, но тоа не се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Каков имот пријавил Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Никој не знае колку ќе трае процесот за трагедијата во Кочани, кажа судијката Диана Груевска Илиевска на стартот на судењето

Фото: Фејсбук/Нацев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести