На денешното второ рочиште за трагедијата во Кочани обвинетите не се изјаснија дали чуствуваат вина, како што се очекуваше, бидејќи дел од нив не го добиле обвинението, со кое сега се опфатени 36 физички и три правни лица, откако на претходното рочиште на првиот предмет беше додадено и обвинението за вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување, “Рубикон“, Александар Нацев, која ја обезбедуваше т.н. дискотека.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од адвокатите на обвинетите приговараа дека Основното јавно обвинителство поднело ново обвинение и дека доказите се измешани, и побараа одложување на рочиштето, а Судечкиот совет потоа одлучи дека не станува збор за ново обвинение, бидејќи во интегрираното не се воведени нови дејствија, нов обвинет, ново место на извршување, нов општетен, не е сменета фактичката состојба, ниту е дадена нова правна квалификација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Судот прифати приговори од адвокати на дел од обвинетите дека неможат да се изјаснат за вина, затоа што не го добиле обвинението и истото како што посочи судијката Диана Груевска-Илиевска, ќе го добијат денеска.
За да нема застој во постапката денешното рочиште продолжи со изјаснување на оштетените и нивните полномошници.
Наместо утре како што беше планирано, следното рочиште ќе биде на 2. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се двајцата вработени во УЈП за кои се бара затворски притвор за трагедијата во Кочани
Фото: Игор Бансколиев














