Одбраната на поранешните министри Бектеши и Сараќини треба да даде воведни зборови: Продолжува судењето за трагедијата во Кочани

Денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани.

На денешното рочиште одбраната на обвинетите треба да продолжи со воведните зборови.

Според списокот на обвинети, воведни зборови треба да даде одбраната на поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути и Џеват Селами и инспекторот Љупчо Грнчиштанов.

По нив за воведни зборови е одбраната на поранешните министри за економија Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој од обвинетите за трагедијата во Кочани не чувствува вина

Љупчо Папазов не е инспектор, кажа адвокатот на поранешниот градоначалник на Кочани

Ратко Димитровски тврди дека тој бил единствениот што барал „Пулс“ да не добие лиценца за работа

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести