За македонската свечена премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, пуштен е во продажба ограничен број билети.
Премиерата ќе се одржи на 4. јануари 2026 година, со почеток во 20:30 часот, во Македонски народен театар, каде филмот за првпат ќе биде прикажан пред домашната публика по своите меѓународни премиери и фестивалски успеси.
Филмската екипа на „Силјан” ќе присуствува на проекцијата и ќе ги поздрави гостите.
Билетите се достапни преку платформата drugastrana.mk на следниот линк:
https://drugastrana.mk/event/prikaznata-za-siljan/
Поради ограничениот капацитет на салата, бројот на билети е строго ограничен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат датумот на македонската премиера: „Силјан“ конечно „слетува“ на црвен тепих во Скопје














