Омаж на филмот, уметноста и музиката: Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

На 15. јуни, во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски.

Концертот е распродаден, а публиката ја очекува вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување.

Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ќе биде изведена музика од култни домашни и меѓународни филмови како:  „Големата вода“ – добитник на награда за најдобра филмска музика во Валенсија, „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“– добитник на награда за најдобра филмска музика во Букурешт, „Трето полувреме“ и многу други.

Под диригентската палка на Џијан Емин, со учество на солистите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов, концертот претставува ретроспектива на 25 годишното композиторско творештво за филм на Џајковски – музичко патување што не се пропушта.

Кирил Џајковски, oсвен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Неговата визија и неговите исчекори се секогаш пионерски патокази за правците на развој на новите музички форми.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести