Внимавајте каде паркирате во Солун, Општината воведе блокатори на тркала за непрописно паркираните возила

Од вчера Општината Солун воведе блокатори на тркала за возилата кои ќе бидат паркирани на несоодветни места, пренесуваат локалните медиуми.

Станува збор за непрописно паркирање на места за паркирање на жителите на градот, места предвидени за лица со попреченост, места предвидени за товарење и истовар…

Тие што нема да ја почитуваат новата мерка и нивното возило биде блокирано, ќе треба да се јават во Дирекцијата на општинската полиција на +30 231 3 31 79 30 и да платат соодветната казна.

Оваа мерка која важи и за туристите ќе се спроведува најдоцна до крајот на септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести