Една од нашите најуспешни интернационални модели е Горјана Кулишевска –Џоја, која веќе со години работи за многу светски брендови и дизајнери, па така настана и соработката со врвниот бренд за козметика Лореал.
„Токму оваа линија на козметика е во соработка со модниот дизајнер Тиери Муглер па затоа е насловена L’oreal x mugler. Како ексклузивно лице на оваа козметичка линија е познатата Кендал Џенер, а во новата кампања е токму нашата грациозна убавица Џоја.
Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција, па токму затоа по нејзиниот престој во Милано и Париз работеше на многу модни кампањи и врвни дизајнерски брендови како Alexander McQeen и Moschino.
Со последната козметичка кампања од светски рамки за веќе докажан светски бренд, Џоја освен по убавината и нејзините совршени пропорции ќе остане запаметена како единствената Македонка која ја имала таа чест и привилегија да работи за светски бренд за козметика,“ изјавија за еМагазин.мк од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје, кои веќе девет години веруваат во неа и се презадоволни од нејзините светски модни успеси.




