Поништена листата за советници во Град Скопје на Движењето за национално единство на Турците, оти предложиле починато лице

На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) беше усвоена Одлука за поништување на потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ), бидејќи на 17. октомври, по допрен глас, до ДИК дошла информација дека на оваа листа има починато лице.

Ваков случај, на предложено починато лице, имало и лани, информираа од таму. Листата била отфрлена, а била покрената и кривична постапка, како што предвидува законот.

ДИК предложи со случајот понатаму да се занимава Основно јавно обвинителство.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести