Од денеска стартуваат зимските распродажби во Грција

Од денеска стартуваат зимските распродажби во Грција.

Истите ќе траат до 27. февруари, а со распродажбите намалени цени ќе имаат облеката, обувките, аксесоарите и апаратите за домаќинство.

Пристапот до Грција периодов е проблематичен поради протестите на грчките земјоделци, па границата за влез во земјата е често затворена, а од утре е најавен и штрајк на такстите.

Ако не успеете да ги фатите зимските распродажби нови ќе има од 13. јули.

Како што е познато македонските граѓани имаат право поврат на ДДВ (Tax Free) за купување над 50 евра. При плаќањето задолжително побарајте Tax Free формулар, кој се заверува при напуштање на Грција на граничниот премин.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести