Поради учество на Израел, на Евровизија нема да учествуваат Ирска, Шпанија, Словенија и Холандија

Поради одлуката на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Израел да учествува на Евровизија следната година во Виена, Австрија, на натпреварот нема да учествуваат Ирска, Шпанија, Словенија и Холандија.

Шпанија е една од земјите во „Големата петка“, заедно со Франција, Германија, Италија и Велика Британија, кои директно влегуваат во финалето, бидејќи даваат најголем финансиски придонес во ЕБУ, кој ја организира Евровизија.

Земјите се одлучија на ваква одлука поради големиот број убиени цивили во окупираниот Појас Газа, Палестина, и се уште големата хуманитарна криза таму.

Своето учество на 70. годишно издание на Евровизија го разгледуваат и други земји.

Македонија веќе неколку години не настапува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести