Постојат болки што никогаш не се лечат, но постојат и љубови што никогаш не умираат, рече Камелија Кулакова во нејзиниот импресивен говор на отворањето на Фондацијта „Фросина Кулакова“

Во присуство на голем број на пријатели, роднини, уметници, претставници на дипломатскиот кор и на државниот врв меѓу кои и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за правда Игор Филков, претседателот на Собранието Африм Гаши, епископ Антаниски, Владиката Партениј, беше промовирана Фондацијата „Фросина Кулакова“, на денот на нејзината трагична смрт.

Во обраќањето пред присутните, нејзината сестра рече дека синоќа не нè собра само болката по една прерано прекината младост, нè собра љубовта што остана по неа. Љубов што одби да замре со празнината, и во оваа смисла продолжува.

„Реализацијата на оваа вечер за нас не беше воопшто лесна, патот до тука беше исполнет со пречки, соменежи и моменти на исцрпеност. Но, како што постојано нè потсетува нашиот почитуван Старец Владиката Партениј, знаеш дека си на вистинскиот пат токму тогаш кога постојано се соочуваш со искушенија.

Можеби тие искушенија ми се потврда дека ова што го градиме има смисла и благослов. Затоа и верувам дека не случајно сме токму овде денес, на местото веземе љубов. Во оваа вечер преку нашата заедничка болка ние навистина ткаеме љубов и солидарност и надеж.

Фондацијата се роди по загубата која што го прекина текот на мојата сестра, но и од одлуката таа загуба да не остане затворена меѓу ѕидовите на нашиот дом, туку да стане одговорност, свест и заложба за подобар свет.

Денес името на Фросина, не го изговараме само како спомен, туку станува и повик за правда, за безбедност, за човечност, за емпатија и за солидарност. Вечерва преку уметноста, заедништвото преку вашето присуство ние ткаеме смисла, таму каде што остана празнина и отсуство. Веруваме дека светлината што таа ја носеше во себе продолжува да живее со ова што го создаваме,“ рече Кулакова.

Посебно беше трогателен говорот на Камелија, мајка на Фросина и Росица, која беше најхрабрата жена во светот синоќа.

„Вечерва не сум овд екако организатор, не сум дел од Фондација, не сум овде ниту како мајка. Вечерва сум како глас, глас за едно девојче која имаше уметност во гените, љубов во срцето и светлина во очите. Постојат болки што никогаш не се лечат, но постојат и љубови што никогаш не умираат. Кога тие две ќе се сретнат се раѓа нешто поголемо од нас. Се раѓа завет.

Така се роди и оваа песна, не како нарачка не како проект, туку како немир што лебди околу, сон. Во три часот наутро почитуваниот Огнен Неделковски го разбудило нешто и ја напишал првата строфа, па легнал. Но, сонот не можел да му помине, станал ја напишал втората строфа. Повторно легнал но стиховите не мирувале, станал и ја напишал целата песна,“ рече Кулакова најавувајќи ја изведбата на песната „Фросина“ од страна на аматерскиот хор „Фрида“ под водство на Сузана Турунџиева.

Песната е испеана од Александар Митевски по текст на Огнен Неделковски, а „Фросина“е прогласена за химна на Фондацијата.

На промоцијата на Фондацијата, Росица Кулакова објави дека МВР ќе се вклучи во поддршката и соработката со Фондацијата за залагање за поголема безбедност во сообраќајот и помалку жртви.

„Фондацијата носи важна мисија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, иницијативи за подобрување на законската заштита и поддршка на млади таленти.

Како министер за внатрешни работи, силно верувам дека секој изгубен живот на патиштата е опомена за сите нас. Моја обврска не е само да реагирам по несреќите, туку да направам сè што е можно тие да не се случуваат.

Токму затоа, од оваа недела започнуваме со имплементација на системот „Безбеден град“, систем што пред сè има цел да спасува животи. Со современа технологија, доследна примена на правилата и поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот, градиме побезбедна средина за нашите деца, за младите и за секој граѓанин.

Секој непочитуван пропис може да значи загубен живот. Нашата цел е тоа да го спречиме. Оваа вечер, посветена и на уметноста и модата, нешта што Фросина ги сакаше, нè потсетува дека зад секоја бројка во статистиката стои човечка судбина, семејство и иднина.

Во чест на Фросина и во име на сите млади луѓе кои имаат право на безбедни улици, продолжуваме уште поодлучно со засилена превенција, поголема одговорност и јасна грижа за секој човечки живот,“ напиша Тошковски на Фејсбук.

На настанот беа изложени на аукција уметнички дела, креации, накит за кои се надаваа суми, и беа собрани над 512.500 денари.

Средствата ќе бидат наменети за развој на програмите на Фондацијата, меѓу кои централно место имаат обезбедувањето психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, како и формирањето фонд за стипендирање на млади талентирани уметници кои поради социјални или финансиски причини не можат да ја остварат својата креативност и да ја изградат својата иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Објавена баладата во спомен на Фросина Кулакова

Животот како одговорност: Фондација „Фросина Кулакова“ гради култура на грижа, правда и свесност

Фото: Фејсбук/Љутков/Министерство за култура и туризам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести