Повик до стартапи за тестирање на рециклиран филамент за 3Д принтање

Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип и Стартап Клуб Скопје организираат уникатeн настан за тестирање на рециклиран филамент за 3Д принтање и запознавање со можностите за трансформација на пластичен отпад во вреден производ.

Настанот ќе се одржи на 28. октомври 2025 година (вторник) во Стартап Клуб Скопје, со почеток во 18:00 часот.

Овој настан е дел од проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“, кој се спроведува во рамки на програмата „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан (EICEE)”, кофинансирана од Европската Унија и Владата на Црна Гора. Целта е поттикнување на иновацијата, одржливоста и практичната примена на принципите на циркуларната економија во стартап екосистемот во земјата.

На настанот, стартап компаниите ќе имаат можност:

да се запознаат со процесот на создавање на рециклиран филамент за 3Д принтање,

да го тестираат материјалот преку изработка на сопствен производ или прототип,

и да споделат идеи за подобрување и идни примени на овој еко-иновациски производ.

Сите заинтересирани стартапи можат да се пријават најдоцна до 24. октомври 2025 година на: [email protected] или директно во Стартап Клуб Скопје.

Крајната цел на проектот е намалување на пластичниот отпадпоттикнување на циркуларната економија и развој на еколошки решенија за индустријата за 3Д принтање.

„Со оваа иницијатива не само што одговараме на еден од клучните еколошки предизвици, туку ја гледаме и можноста нашата земја да се позиционира како регионален лидер во иновативни и еколошки одржливи решенија. Ги покануваме сите граѓани, организации и компании да се приклучат и да ја поддржат оваа еко-иновативна иницијатива – затоа што иднината е зелена, паметна и кружна,“ – порачуваат од Здружението Ино Фаб Лаб, имплементатор на проектот.

Проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“, кој го спроведува Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, е кофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора преку регионалниот проект „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ (EICEE – Western Balkan Eco-Innovation and Circular Economy Ecosystem).

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести